Во просторот на „Безистенот“ во Штип на 2-3 мај 2023 г. се одржа Ликовна работилница со студентите од Ликовната академија, инспирирана и посветена на ликовните дела кои се изложени во галеријата како дел од ликовното творештво на проф. Владимир Георгиевски. Притоа студентите инспирирани од мотивите, техниката и ликовниот концепт на одредени дела се обидоа да создадат скици и цртежи кои на одреден начин ја допираат конкретната тематика и мотив од одредено дело на авторот. На тој начин се потврди влијанието на богатиот ликовен фонд на В. Георгиевски, кој секогаш ќе создава дополнителна креативна енергија кај студентите како потенцијални ликовни автори.
Повеќе...Амбасадата на Италија во Скопје, Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје и Академијата за дизајн (Accademia Italiana) во Фиренца организираат Повик за Конкурс за изработка на официјално лого за културни иницијативи организирани во рамките на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија.
Повеќе...Студентите од Ликовната академија, од студиската програма по Архитектура и Дизајн и од Техничко Технолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес отворија заедничка изложба на свои дела.
Повеќе...Изложба на професорот Владимир Георгиевски се отвори на 25 април 2023 г. во Галеријата „Безистен“ во Штип, каде што беа претставени ликовни дела како дел од големиот опус на творештвото од различни периоди на авторот
Повеќе...Потишан е меморандум за соработка помеѓи Ликовната академија при УГД и НУ Музеј на Мaкедонската борба, Скопје, за иницирање на нови форми на соработка преку проекти од областа на образованието, културата и културното наследство.
Повеќе...Минатата недела на објектот на Ликовната академија во центарот на Штип беше изработен нов мурал на површина од приближно 15m². Го изработија шест студенти од трета и четврта година на студиската програма по Класично сликарство, под менторство на проф. Јана Јакимовска, која е воедно и автор на скицата.
Повеќе...