На 15 октомври 2021 г. во 19.30 часот во ликовниот салон на ДЛУБ во Битола ќе биде отворена изложбата „Интерактивни рефлексии“ од авторот Слободан Милошески.
Повеќе...Во конкуренција на 78 уметници од 20 земји, скулпторот Никола Смилков, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ ја освои Гран при наградата на петтото Биенале во Будва.
Повеќе...Деканката на Ликовната академија на Универзитетот „Гоце Делчев“, Катерина Деспот заедно со ликовната уметничка Васка Сандева во НУ Уметничка галерија Тетово поставија онлајн изложба насловена „Еклектични изохипси“.
Повеќе...Во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена изложбата „Проткаени сеќавања“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од дела во мал формат, создадени со примена на различни техники и материјали. Изложбата ќе може да се види до 30 август.
Повеќе...Во просториите на Француската алијанса во Сплит, во организација на Хрватско-француското здружение и Министерството за култура на Македонија, свечено беше отворена Ликовна изложба на скулптури на македонскиот скулптор Никола Смилков, под наслов „EMOCIONALNI POKRETI/EMOTIONAL MOVEMENTS“. Смилков е професор по ликовна уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Повеќе...Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Истанбул, на 10.11.2020 година (вторник), беше отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Метафора на телесното“ од авторот Слободан Милошески.
Повеќе...