Во просторот на „Безистенот“ во Штип на 2-3 мај 2023 г. се одржа Ликовна работилница со студентите од Ликовната академија, инспирирана и посветена на ликовните дела кои се изложени во галеријата како дел од ликовното творештво на проф. Владимир Георгиевски. Притоа студентите инспирирани од мотивите, техниката и ликовниот концепт на одредени дела се обидоа да создадат скици и цртежи кои на одреден начин ја допираат конкретната тематика и мотив од одредено дело на авторот. На тој начин се потврди влијанието на богатиот ликовен фонд на В. Георгиевски, кој секогаш ќе создава дополнителна креативна енергија кај студентите како потенцијални ликовни автори.