Во Уметничката галерија „Безистен“ на 16 мај 2023 година се отвори Годишната студентска изложба 2023 година, во која се изложени најдобрите студентски трудови кои се реализирани во тековната академска година.
Уметничките дела се презентирани како дел од уметничките области на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, односно од студентите на Ликовната академија, од насоката на Класично сликарство и вајарство, од Факултетот за природни и технички науки, од Институтот за архитектура и дизајн, Дизајн на ентериер и мебел од Техничко-технолошкиот факултет, Катедра за технологија на текстил. Притоа се одбрани најуспешните студентски проекти, уметнички дела, модели и дизајни, кои се прилагодени на лимитираниот изложбен простор. Годишната студентска изложба претставува традиционална манифестација која се одржува секоја година. Изложбата е посетена од голем број студенти и заинтересирани потенцијални студенти кои преку изложените трудови можат да се запознаат поблиску со програмите кои ги содржат факултетите, а што се ориентирани кон уметничката и кон дизајнерска креативна програма на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.