Доц. д-р Слободан Милошески од Ликовната академија при УГД ќе одржи самостојна изложба со наслов „Констелации во уметничкиот универзум“. Изложбата ќе се одржи во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип, на 18 декември во 12 часот. На изложбата ќе бидат претставени апстрактни скулптури со различни димензии, кои се дел најновата уметничка продукција на авторот.
Повеќе...Во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето“, на 9. Јули 2018 година, во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип беше отворена изложба на дела од студенти на Ликовната академија на УГД.
Повеќе...Ликовната академија и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ организираа изложба „Градот Баргала, преку четката и моливот на студентите од Ликовната академија“. Изложбата е поставена во холот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Повеќе...Две професорки од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ се дизајнерки на зеленото домување во станбено-деловниот комплекс „Diamond Garden – Адора инженеринг“, кој го доби златниот медал за квалитет за воведување на Boutique Real Estate концепт во Југоисточна Европа.
Повеќе...Oд 14 април до 19 мај во просториите на галеријата Прима центер во Берлин, Германија, се одржа самостојна изложба „SMILKOV SKULPTUREN“ на скулптури и фотографии од Никола Смилков, професор на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев – Штип.
Повеќе...Фотографијата на Сергеј Смилков, студент во прва година на Ликовната академија при УГД, е избрана за најдобра фотографија на неодамнешниот конкурс објавен од страна на УГД.
Повеќе...