Деканката на Ликовната академија на Универзитетот „Гоце Делчев“, Катерина Деспот заедно со ликовната уметничка Васка Сандева во НУ Уметничка галерија Тетово поставија онлајн изложба насловена „Еклектични изохипси“.

Изложбата беше поставена во изложбените простории на галеријата, но поради настанатата ситуација со пандемијата ковид-19 немаше свечено отворање, а заинтересираните љубители на ликовната уметност можеа да ја посетат со почитување на протоколите за заштита од ковид-19.

Деканката на Ликовната академија, вон. проф. Катерина Деспот, истакна дека со професорката Васка Сандева соработуваат подолг период, а резултат е токму оваа изложба, која поради специфичните услови мораше да биде изложена онлајн.

- На изложбата се претставени 20 дела во формат 90x90 см. Насловот на изложбата „Еклектични изохипси“ зборува за начинот на гледање на дводимензионалноста на пејзажот, половина од делата се изработени во техника акрил, а другата половина во техника колаж. Со професор Сандева веќе подолг временски период работиме на ваков концепт на претставување инспирирани од надворешниот простор претставен во дводимензионални композиции кои потоа се основа за реализација на реални проекти од пејзажен дизајн – изјави проф. Катерина Деспот.

Рецензент на изложбата е Александра Иванова, која во дел од рецензијата вели:

- Делата имаат топлина и урбаност, модерност и интимност, му даваат карактер и дух на просторот проширувајќи го преку употребата на перспективата која е главна карактеристика на овој концепт. Низ таа апстрактна игра на планови, перспективи и контексти која е чисто ликовна јасно се дофаќа една доминантна емоција, а тоа е слободата. Слободата да се владее со просторот и да се биде свој. Во оваа серија на слики иако се поаѓа од сосем лични мотиви, сепак на некој начин концептот се доближува до ликовноста на Густав Климт и тоа заради стилската префинетост, апстрактните позадини добиени со колажирање и користењето на златната боја. Тоа само го поврзува со текот на уметничката историја, но не му одзема од автентичноста. Со ова е оставен свој сопствен белег на мапата на една сликарска традиција авторски потпишана.

Технички секретар

М-р Маргарета Алчинова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Тел: +389 32 550 474
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

М-р Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.