Ликовна академија при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип учествуваше на изложбата „Професори и студенти“, која беше отворена на 20 мај 2026 година, во Младински културен центар во Скопје.

Годинешното издание на изложбата е посветено на темата „Образовна екологија: помеѓу менторството, трансдисциплинарноста и современата уметност“, а свои дела претставија професори и студенти од повеќе високообразовни институции од областа на визуелните уметности и дизајнот.

Покрај Ликовната академија, на изложбата учествуваа и Европски универзитет – Скопје, Интернационален балкански универзитет, Универзитет „Мајка Тереза“ и Американски универзитет на Европа – ФОН.

Ликовната академија беше претставена од професорите Јана Јакимовска, Јордан Ефремов и Слободан Милошески, заедно со студентката на прв циклус студии Слободанка Лазаровска и студентите навтор циклус студии Стефан Анчевски, Стефан Димовски и Миа Ефремова, кои пред публиката ги претставија своите уметнички дела.

Изложбата ја истражува улогата на современото уметничко образование и односот помеѓу професорот и студентот како простор за размена на идеи, критичко размислување и креативна трансформација. Според концепцијата на изложбата, уметничкото образование не претставува само техничко усовршување, туку процес на создавање нови начини на гледање и разбирање на светот преку современите уметнички практики.

Организацијата и концепцијата на изложбата се на проф. м-р Страхил Петровски, додека дизајнот е на Петар Новковски. Изложбата е организирана од Младинскиот културен центар во соработка со Град Скопје.

Технички секретар

М-р Маргарета Алчинова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Тел: +389 32 550 474
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

М-р Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.