Студентите на Ликовната академија реализираа едукативна екскурзија, која претставуваше исклучително инспиративно и значајно искуство во нивниот процес на стручно и уметничко усовршување.

Во рамките на посетата, студентите ги разгледаа значајните уметнички поставки во Музејот на современа уметност, Националната галерија, Музејот на револуционерната борба и Музејот на Град Скопје, при што студентите се запознаа со различни уметнички изрази и културно-историски контексти.

Во Музејот на современа уметност студентите ја посетија изложбата на откупени дела, која понуди увид во значајни примери од современата уметничка продукција. Во Чифте амам ја разгледаа изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“, во која преку уметнички дела се интерпретираат елементи од традиционалната култура и етнографското наследство. Во Даут пашин амам, пак, студентите ја разгледаа постојаната поставка, што овозможи подлабоко запознавање со значајни дела од македонското културно и уметничко наследство.

На сите локации студентите беа пречекани и стручно водени од професионални кустоси, кои со јасни, прецизни и содржајни објаснувања придонесоа за поцелосно разбирање на изложените содржини и нивниот уметничко-историски контекст.

Студентите имаа исклучителна можност во Музејот на Град Скопје да ја посетат изложбата „Експериментален цртеж“, во организација на ДЛУМ, која дополнително го збогати нивното визуелно и творечко искуство.

Екскурзијата се одвиваше под стручно водство на проф. Слободан Милошески и проф. Јордан Ефремов.

Технички секретар

М-р Маргарета Алчинова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Тел: +389 32 550 474
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

М-р Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.