Со изложба на студентски дела инспирирани од традиционалната македонска носија, вчера започна Фестивалот на уметноста „Ликовна визија“, во организација на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Настанот се одржува од 14 до 16 мај и опфаќа низа предавања, мастер-класови и изложби кои ја слават графичката уметност и нејзината улога во современото ликовно творештво.

Фестивалот започна на Технолошко-техничкиот факултет, каде што беше отворена изложбата на тема „Корените и крилјата во уметноста“, подготвена од Ристе Крмов, дипломиран графичар и виш конзерватор во Музеј и завод Штип. Настанот продолжи со предавање, мастер-клас и изложба на цртежи.

Во текот на Фестивалот ќе се претстават и етаблирани уметници и професори од регионот. Професор Мирон Мутавџиќ од Факултетот за уметност во Ниш (Србија) денес одржа предавање, мастер-клас и изложба. Утре, на 16 мај, ќе настапи Виктор Семенпеев, академски сликар-графичар од Софија, со своја работилница, предавање и изложба во Богданци.

Деканот на Ликовната академија, проф. д-р Петар Намичев, нагласи дека Фестивалот има за цел да ја доближи уметноста до младите и да понуди пошироко разбирање за графичката уметност:

„Фестивалот на ликовната уметност подразбира пошироко опфаќање на аспекти од уметноста. Оваа година направивме концепт да ја презентираме графичката уметност како дел од изработката на ликовни дела. Настанот е посветен токму на студентите, за да покажеме дека УГД има визија за развој на образованието во уметноста.“

Во рамките на Фестивалот, секој од поканетите уметници ќе одржи работилници и мастер-класови, каде што студентите ќе имаат можност да научат нови техники и да создадат свои дела, кои ќе бидат изложени веднаш по секоја сесија.

Вчера на студентите им беше презентирана графичката уметност преку работа со преса на која студентите веднаш креираа свои дела.

Фестивалот „Ликовна визија“ не само што ја претставува уметноста, туку има за цел и да ја приближи до заедницата, поттикнувајќи интерес кај младите за академско и професионално творештво.

Технички секретар

М-р Маргарета Алчинова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Тел: +389 32 550 474
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

М-р Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.