Во периодот од 15 до 17 мај Ликовната академија на УГД го одржа Фестивалот на уметност „Ликовна визија“, кој се состоеше од две работилници, како и отворање на две изложби - едната на реномираниот ликовен уметник Родољуб Анастасов во просториите на Академијата, а втората на тековни и дипломирани студенти во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница.
На 20 мај 2024 г. се отвора и третата изложба, која е воедно и последната активност што произлегува од овој фестивал. Станува збор за виртуелна изложба на цртежи и слики, резултат од двете одржани работилници на кои учествуваа студенти од Академијата и ученици од средните училишта во Штип, под менторство на ликовните уметници проф. м-р Мирослав Живковиќ и м-р Андреј Коруновски. До изложбата може да се пристапи преку влез на веб-страницата galerija.ugd.edu.mk или со скенирање на QR кодот на плакатот.