Ликовната изложба на дела на студенти од Ликовната академија при УГД се отвори на 18 април 2024 година во Македонскиот културен центар во Софија.
Изложбата содржи селективен избор од изработените дела на студентите од Ликовната академија во различни техники во периодот 2019 – 2023 г., преку кои се презентира работата на осуммина дипломци и студенти, Александра Јеротијевиќ-Андреева, Бојана Тошевска, Вангел Крстиновски, Дејан Витанов, Ивана Ивановска, Крсте Тарабунов, Миа Ефремова и Мики Иванов. Куратор на изложбата е доц. д-р Иво Пецов, кој направи селекција на студентските трудови и ја реализира изложбата. Изложбата претставува прво претставување надвор од границите на нашата земја, воедно и во насока на соработка со Ликовната академија во Софија. Изложбата ќе биде презентирана следниот месец во Виница и во Штип.