По повод патрониот празник и 17 години од основањето на Универзитет „Гоце Делчев“, на 14 март 2024 година е организирана уметничко-дизајнерска работилница во Тренинг-центарот на УГД.
Студентите од ФПТН, насока Дизајн на ентериер, Ликовната академија и Машинскиот факултет работеа на проекти на тема предмети од индустрискиот дизајн. Изработените проекти беа претставени на изложбата „Уметноста во функција“, која се отвори во Тренинг-центарот на УГД на 25 март 2024 година.