На 19.6.2025 година (четврток), со почеток во 12 часот, ќе се одржи јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов „Од платно до бајка: употреба на класичните сликарски техники во креирањето на илустрации за деца“ од кандидатката Јована Трајанова, студентка на втор циклус студии на Ликовна академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Јавната одбрана ќе се одржи во тренинг центарот на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.