Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип достојно се претстави на изложбата „Професори и студенти 2025“, која беше свечено отворена на 17 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје.

Изложбата го слави дијалогот меѓу менторите и младите уметници, прикажувајќи ја врската помеѓу искуството и свежите идеи. Со заедничко изложување на дела на професорите и нивните студенти се создава простор каде што традицијата се сретнува со современите уметнички тенденции, а методологијата со креативната слобода.

На изложбата учествуваа шест високообразовни институции: Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, Факултетот за уметност и дизајн при Интернационалниот балкански универзитет, Универзитетот „Мајка Тереза“, Ликовната академија во Штип и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тетово.

Од Ликовната академија при УГД – Штип со свои дела се претставија професорите м-р Јана Јакимовска и д-р Слободан Милошески, како и студентите од втор циклус – Анита Огњановска и Ана Митевска и од прв циклус – Глориа Миланова и Јована Иванова.

Изложените дела се реализирани во различни уметнички медиуми, меѓу кои сликарство (масло и акрилик), цртеж, скулптура, дигитални медиуми, моден и внатрешен дизајн, фотографија и инсталација. Ова богатство на техники и пристапи го прикажува раскошот на современата македонска уметничка сцена, каде што традицијата и иновацијата се надополнуваат.

„Со заедничко изложување на дела на професорите и нивните студенти се создава простор за дијалог во кој се испреплетуваат искуството и иновацијата, традицијата и современите уметнички тенденции, методологијата и слободата на изразување“, изјави проф. Кирил Пенушлиски.

Технички секретар

М-р Маргарета Алчинова
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
Тел: +389 32 550 474
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Секретар

М-р Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 474
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu