Home
На 15 октомври 2021 г. во 19.30 часот во ликовниот салон на ДЛУБ во Битола ќе биде отворена изложбата „Интерактивни рефлексии“ од авторот Слободан Милошески.
Изложбата е составена од скулпторски дела од галериски формат, создадени со примена на техника на заварување на метал. Битолската публика изложбата ќе може да ја погледне до 22 октомври.
„Слободан Милошески работи методички низ концентрирана перцепција и манипулација со формата. Најпрво започнува со форми кои се произволни и низ процес на трансцендентална имагинација ја дефинира формата како крајна дестинација. Завршниот впечаток се комплетира со диригиран веризам, необична текстура, профилиран материјал и неочекувана трансформација на идеалната форма.
Досега има реализирано 25 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на 15 награди и признанија, од кои најзначајни се Наградата за скулптура „Јордан Грабул“, доделена од Друштвото на ликовни уметници на Македонија во 2012 и во 2015 година, Наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“, доделена од ДЛУМ во 2014 година, Наградата за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година и Наградата за современа скулптура „Боро Митриќески“, доделена во 2021 година.
Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.