На 23 мај, во 19.30 часот, во изложбениот салон на Музеј на Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има можност да ја посети изложбата до 1 јуни.

- „Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација – вели историчарот на уметност проф. д-р Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Милошески е роден во 1977 година во Охрид. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Оддел за вајарство, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Националната уметничка академија во Софија, Република Бугарија, на Катедрата за скулптура.

Досега има реализирано 30 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се Наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и во 2015 година,  Наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“, доделена од ДЛУМ во 2014 година, Наградата за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година, Наградата за современа скулптура „Боро Митриќески“, доделена во 2021 година и Наградата „Адем Кастрати“, доделена од КИЦ - Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои скулптури на Живко Чинго, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен-обележјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментов работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Технички секретар

М-р Маргарета Алчинова
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
Тел: +389 32 550 474
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Секретар

М-р Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 474
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu