Во просторот на „Безистенот“ во Штип на 2-3 мај 2023 г. се одржа Ликовна работилница со студентите од Ликовната академија, инспирирана и посветена на ликовните дела кои се изложени во галеријата како дел од ликовното творештво на проф. Владимир Георгиевски. Притоа студентите инспирирани од мотивите, техниката и ликовниот концепт на одредени дела се обидоа да создадат скици и цртежи кои на одреден начин ја допираат конкретната тематика и мотив од одредено дело на авторот. На тој начин се потврди влијанието на богатиот ликовен фонд на В. Георгиевски, кој секогаш ќе создава дополнителна креативна енергија кај студентите како потенцијални ликовни автори.
Read more ...Home
Изложба на професорот Владимир Георгиевски се отвори на 25 април 2023 г. во Галеријата „Безистен“ во Штип, каде што беа претставени ликовни дела како дел од големиот опус на творештвото од различни периоди на авторот
Read more ...Амбасадата на Италија во Скопје, Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје и Академијата за дизајн (Accademia Italiana) во Фиренца организираат Повик за Конкурс за изработка на официјално лого за културни иницијативи организирани во рамките на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија.
Read more ...Потишан е меморандум за соработка помеѓи Ликовната академија при УГД и НУ Музеј на Мaкедонската борба, Скопје, за иницирање на нови форми на соработка преку проекти од областа на образованието, културата и културното наследство.
Read more ...