Преку изучување на студиската програма Класично сликарство студентите ќе ги совладаат елементите и принципите на класичниот ликовен јазик, кои не само што се основа на класичните туку и на современите ликовни форми на изразување. Студентите се стекнуваат со знаења за сите техники и претстави на класичното сликарство, а притоа ја развиваат својата креативност, како и индивидуалноста во ликовниот јазик.