Ликовната академија и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ организираа изложба „Градот Баргала, преку четката и моливот на студентите од Ликовната академија“. Изложбата е поставена во холот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Изложбата е резултат на Едукативна работилница за практична примена на знаењата, која во рамките на заложбите за имплементирање на вонинституционални форми на високошколска настава ја организираа ФОН и Ликовната академија. Едукативната работилница беше организирана на локалитетот Баргала, на тема „Доцноантичка Баргала“, а учествуваа студенти и наставници од двата факултета. Беа спроведени повеќе активности – еколошки, чистење на конзервираните објекти, запознавање со значењето и содржината на археолошкиот локалитет град Баргала, предавања за објектот, настава во природа, литературно творење, како и ликовно изразување и творење, од кое произлегоа и делата кои студентите на Ликовната академија ги реализираа со примена на ликовните техники јаглен на хартија и масло на платно.

Изложбата ќе биде отворена до 21 март.

Технички секретар

М-р Маргарета Алчинова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Тел: +389 32 550 474
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

М-р Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.