Три факултети/академии се преклопија со своите активности во изложбата насловена „Еднаш ние“, отворена во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

Во галеријата се изложени цртежи, слики и скулптури  на студентите на Ликовната академија, а студентите од насоката Архитектура и дизајн на Факултетот за природни и технички науки изложија плакати и дизајнерски решенија.

- Името на изложбата кажува многу - „Еднаш ние“, и како прва изложба и соработка на повеќе факултети и академии да стане традиција. Делата кои се пред вас се цртежи, слики, проекти, плакати и скулптури на студентите на прв и на втор циклус студии на Ликовната академија и насоката Архитектура и дизајн на ФПТН, а делата се портрети на наставничкиот кадар, со кои секој професор треба да биде горд. Овие студенти имаат специјална можност да се претстават со своите дела, со кои ќе се збогати угледот на Универзитетот и остава силен впечаток во кругот на почитувачите на уметноста и дизајнот. Делата кои се претставени од студентите се верни на реалноста, најискрени, најавтентични – изјави деканката на Ликовната академија при УГД, проф. д-р Катерина Деспот.

На отворањето на изложбата свој настап имаа и студентите на Музичката академија. Изложбата е во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип и за посетителите ќе биде отворена до 26 мај.

Технички секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Ванчо Павлов

Тел: +389 32 550 043

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.