Во Пионерскиот дом во Гевгелија, на 6.12.2019 година (петок) со почеток од 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации“ од авторот Слободан Милошески.

Милошески со ова негово претставување го потврдува кинетизмот како тенденција во неговиот израз, но не само во формата туку и во уметничкиот, естетскиот, но и во идејниот израз. Оттука, кинетичноста, динамизмот кај авторот има не само формална, ами и идејно-суштинска смисла. Неговите дела, иако во конкретната поставка се со мали димензии, не се само апстрактно-асоцијативни формации, туку тие се и аксиолошки, вредносни системи. Динамизмот, како примарно својство на делата на овој автор, одамна е средство преку кое тој ги гради овие аксиолошки вертикали, асоцијации на авторовиот, но и општочовечкиот вредносен стремеж. Визуелно овие форми никнуваат од земјата, устремувајќи се кон небото, со што тие вредносни тенденции некако стануваат онтолошки и метафизички фундирани и аксиолошки насочени.

Скулпторските дела претствени на оваа изложба концепциски се повеќедимензионално поврзани и претставуваат процес во тек, при што тие заеднички си потпомагаат во истрајноста на просторното коегзистирање. Секоја единка во однос на опкружувањето е поставена како елемент на комуникација,  своевиден реквизит на уметничката акција. Овие уметнички дела се богати со неисцрпни енергетски потенцијали во изразување на субјективната визија. Во нивната затворена или отворена морфологија доследо е донесена компактната карактеристика на линиска цврстина и рационализам во изведбата.

Но, конечно и можеби најважно, неговата скулптура има изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен. Со тоа, естетитиката на овие дела станува комплетна затоа што станува и естетика на рецепцијата. Гледачот е повикан да учествува во тој динамизам, станувајќи просто вовлечен во растот со што овие, на прв поглед, рационални форми, сепак се доживуваат како длабоко човечки движења во потрага по спокојот. Иако геометриско-кубистички, делата на Милошоски сепак се човечки, премногу човечки“ – вели естетичарот проф. д-р Трајче Стојанов во својата критика по повод оваа изложба. 

Слободан Милошески е роден во 1977 година во Охрид. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Националната уметничка академија во Софија, Р. Бугарија, на Катедрата за скулптура.

Досега има реализирано 21 самостојна изложба, а учествувал на повеќе од 60 групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“, доделена од Друштвото на ликовни уметници на Македонија во 2012 и во 2015 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“, исто така доделена од ДЛУМ во 2014 год.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во простор меѓу кои: скулптури на Живко Чинко и Ристо Шишков, Спомен-облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Муза (наменета за фасада на објектот „Стар театар“), како и две скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

 

Технички секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацковa

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.